dm заедништво

Херои на солидарноста Тегла Плус за нашата заедница

Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектот ќе се реализира на територијата на град Скопје, преку мрежа на собирни точки за донации, јавни настани и партнерски активности организирани во соработка со граѓански организации, образовни институции, компании и локални заедници. Главните активности за собирање донации ќе се организираат на повеќе препознатливи локации, меѓу кои се JUMBO VERO, Tinex – Кисела Вода и VERO Тафталиџе, каде волонтерските тимови на партнерските организации ќе ги координираат акциите за собирање храна и основни производи. Во проектот активно ќе се вклучи и СУГС „Орце Николов“, каде учениците и наставниците традиционално организираат сопствена акција „Тегла Плус“, со што придонесуваат за развој на солидарност и волонтерство кај младите. Дополнителна собирна точка ќе биде Среќа Бар, каде граѓаните ќе можат да донираат храна, облека и други производи за поддршка на семејствата во социјален ризик. Проектот ќе го реализираат партнерските организации Љубезност, Центар за интеграција и поддршка (SIEC), Мисла, Солем и Go Green, со поддршка на волонтери од средни училишта, универзитети, компании, индивидуални граѓани и меѓународни волонтери, вклучително и волонтер на Мировниот корпус на САД кој е ангажиран во SIEC. Покрај теренските активности, проектот ќе биде промовиран преку јавни панели, прес-конференции, традиционални медиуми и социјални мрежи, со цел да се поттикне што поголемо учество на граѓаните и да се прошири културата на солидарност низ целата заедница.


Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Проектот директно ќе им помогне на семејства во социјален ризик, самохрани родители, постари лица, лица кои живеат во сиромаштија, жени од ранливи категории, деца и бездомни лица преку обезбедување пакети со храна и средства за лична хигиена. Индиректни корисници се граѓаните, компаниите, училиштата, медиумите и локалните институции, кои преку проектните активности ќе бидат мотивирани да придонесуваат кон развој на солидарно и активно општество. Проектот очекува директно или индиректно да достигне повеќе од 5.000 граѓани.


Кој може да учествува во проектот?
Во овој проект можат да се инволвираат сите граѓани кои сакаат да бидат солидарни и хумани и исто така да бидат информирани за концептите на граѓанска солидарност и активно граѓанство. По пат на социјални медиуми, ТВ интервјуи и прес конференцији граѓани ќе бидат инспирирани да дадат допринес кон солидарноста за недели на солидарноста а во текот на панелите и прес конференции сакаме инволвираност на медиуми итн. Преку Pay-it-forward акции и промовирање на добри и солидарни дела, граѓани ќе можат да споделат нивните добрите дела преку нашите медиуми. Преко ФБ страна која ќе биде направена за потребите на проектот, ќе ги промовираме добрите дела кон старите лица, деца, жени, загорзените семејства итн (нпр. Купување сендвичи, кафе, облека, книги на загорзени лица или поддршка околу купување лекови за комшии итн.) Ученици и студенти, пензионерски клубови можат да организираат властити собирни точки на нивните одабрани локации. Новинари и медиуми можат да рапортираат позивитно за акции на солидарноста и проектниот тим ќе биде поврзан со медиумите и платформи со цел на промовирање на солидарноста. Во проектот можат да учествуваат сите граѓани, компании, училишта, универзитети, граѓански организации и институции кои сакаат да придонесат кон развојот на посолидарна заедница. Граѓаните ќе можат да донираат храна, хигиенски производи или други неопходни средства, да се приклучат на волонтерските активности или да учествуваат во кампањата „Пренеси понатаму“ преку споделување на сопствени добри дела. Училиштата, студентските организации, пензионерските клубови и компаниите ќе можат самостојно да организираат локални акции за собирање донации и да се приклучат кон мрежата на „Херои на солидарноста“.


Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите ќе имаат клучна улога во реализацијата на проектот. Тие ќе се вклучат во организацијата на „Неделите на солидарност“, собирањето и сортирањето на донациите, јавните панели, медиумските активности, комуникацијата со граѓаните и дигиталната кампања „Пренеси понатаму“. Проектот ќе се потпре на веќе развиената и активна волонтерска мрежа на Go Green, преку која ќе бидат ангажирани искусни волонтери, а истовремено ќе се регрутираат и нови волонтери за поддршка на проектните активности. Повикот за волонтери ќе биде објавен преку социјалните мрежи и партнерските организации, овозможувајќи им на сите заинтересирани граѓани да се приклучат согласно своите можности и интереси.


Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Со следната реализација на проектот сакаме да ја надградиме успешната иницијатива „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ и да ја прошириме нејзината општествена видливост и влијание. Главната цел е да се подигне јавната свест за солидарноста, борбата против сиромаштијата и значењето на активното граѓанство преку заедничко делување на граѓаните, компаниите, училиштата, медиумите и граѓанските организации. Со проектот сакаме да ги постигнеме следните резултати: Да ја зголемиме јавната свест за важноста на солидарноста, емпатијата и хуманоста како темелни општествени вредности. Да ги мотивираме граѓаните да станат активни чинители на позитивни промени преку секојдневни добри дела и меѓусебна поддршка. Да го промовираме концептот на активно граѓанство преку јавни панели, медиумски настапи и дигиталната кампања „Пренеси понатаму“ (Pay It Forward). Да ја зајакнеме соработката помеѓу граѓанскиот сектор, бизнис-заедницата, училиштата и институциите во создавање одржливи локални иницијативи. Да ја зголемиме јавната видливост на проектот преку медиуми, социјални мрежи, јавни настани и партнерства со општествено одговорни компании. Да воспоставиме трајни собирни точки за донации кои ќе овозможат граѓаните да донираат во текот на целата година. Да ги препознаеме и наградиме „Локалните херои на солидарноста“, со што ќе инспирираме уште поголем број граѓани активно да придонесуваат за својата заедница. Долгорочната цел е „Тегла Плус“ да прерасне во препознатливо национално движење кое ќе ја промовира културата на солидарност, активното граѓанство и меѓусебната грижа.

Назад кон блог преглед

Alle Beiträge