„Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Проектот ќе се реализира во повеќе региони, со активности во:Скопје,Тетово, Битола,Кавадарци, Штип.Во зависност од интересот и можностите, во одделни активности ќе можат да учествуваат и спортисти и учесници од други населени места.
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
Примарна целна група се деца, млади и возрасни лица со интелектуална попреченост. Дополнителна целна група се лица без интелектуална попреченост кои ќе учествуваат како Unified партнери, како и тренери и волонтери. Индиректни корисници се семејствата на спортистите, младите, спортските организации, образовните институции, локалните заедници и пошироката јавност
Кој може да учествува во проектот?
Во проектот можат да учествуваат лица со интелектуална попреченост како спортисти, лица без интелектуална попреченост како Unified партнери, тренери, спортски работници и волонтери. Во одделни проектни активности ќе можат да се вклучат и ученици, студенти, родители и членови на семејствата, како и заинтересирани граѓани.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
Да. Волонтерите ќе имаат значајна улога во реализацијата на проектот „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“. Тие ќе можат да се вклучат во подготовката и организацијата на петте локални инклузивни спортски настани и националниот завршен настан, логистичка поддршка, регистрација и насочување на учесниците, подготовка на спортските терени и реквизити, поддршка на спортистите за време на активностите, како и во промотивните и комуникациските активности. Посебна можност за волонтерско вклучување ќе имаат и вработените на dm, кои, согласно нивниот интерес и можностите на компанијата, ќе можат директно да учествуваат во избрани проектни активности заедно со спортистите, Unified партнерите и другите волонтери. Преку ваквиот непосреден ангажман, волонтерите нема да бидат само организациска поддршка, туку активни учесници во создавањето инклузивна средина и во градењето непосредни контакти и пријателства меѓу лицата со и без интелектуална попреченост. Волонтерскиот ангажман нема да биде финансиски покриен од побараната поддршка од dm.
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Општа цел: Подобрување на социјалната инклузија и квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост преку создавање одржливи можности за спорт и активно учество во заедницата. Специфични цели: 1.Зголемување на учеството на лицата со интелектуална попреченост во организирани спортски активности. 2.Создавање можности за заедничко учество на лица со и без интелектуална попреченост преку Unified Sports. 3.Зајакнување на локалните програми во Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип. 4.Обезбедување спортска опрема која долгорочно ќе се користи за инклузивни спортски активности. 5.Поттикнување на волонтерството и активното учество на локалните заедници. 6.Придонес кон намалување на предрасудите кон лицата со интелектуална попреченост. 7.Зголемување на видливоста на способностите и достигнувањата на лицата со интелектуална попреченост.
Назад кон блог преглед