„Шарена сенка – Заедно ја плетеме иднината“ Од стар текстил до нов симбол на заедништвото.
Регионот каде што ќе се реализира проектот?
Општина Центар, Општина Гази Баба и Општина Чаир
Целна група: Кому ќе му помогне проектот?
пензионерки; млади и ученици; жени од локалната заедница; волонтери; лица со попреченост,семејства; локална самоуправа; посетители.
Кој може да учествува во проектот?
Главни учесници: Пензионерки и пензионери Членови на здруженија на пензионери. Лица кои знаат да плетат, хеклаат или шијат. Ментори кои ќе ги пренесуваат своите вештини на младите. 👧👦 Деца и млади Ученици од основни и средни училишта. Студенти. Млади волонтери. Извидници и младински клубови. 👩 Жени од локалната заедница Домаќинки. Невработени жени. Самохрани мајки. Жени од рурални средини. Жени со интерес за ракотворби и креативна работа. ♻️ Граѓани Сите жители кои ќе донираат стар текстил. Волонтери за поставување на инсталацијата.
Дали може волонтери да се ангажираат во проектот? Доколку да, како?
да
Кои цели треба да се постигнат со проектот?
Главната цел на проектот е да се создаде инспиративен јавен простор преку заедничка изработка на уметничка инсталација од реупотребен текстил, која ќе ги поврзе различните генерации, ќе го поттикне волонтерството и ќе ја подигне свеста за одржливо користење на ресурсите. Проектот има за цел да: Го поттикне меѓугенерациското поврзување преку соработка помеѓу пензионери, млади и други граѓани во заеднички креативен процес. Ги активира пензионерите како ментори, овозможувајќи им да ги пренесат своите знаења и вештини за плетење и хеклање на помладите генерации. Промовира волонтерство и граѓанско учество, преку организирање акции за собирање текстил, работилници и заедничко поставување на инсталацијата. Придонесе кон намалување на текстилниот отпад, преку повторна употреба на стари маици, чаршафи и други текстилни материјали кои ќе добијат нова функција. Го разубави јавниот простор со уникатна рачно изработена инсталација која ќе обезбедува сенка, ќе биде место за дружење и ќе стане препознатлив симбол на локалната заедница. Ја подигне јавната свест за циркуларната економија и одржливиот начин на живот, покажувајќи дека отпадните материјали можат да се претворат во вреден и корисен ресурс. Го зачува традиционалното културно наследство, преку промоција на ракотворбите и нивно пренесување на новите генерации. Со реализацијата на проектот се очекува да се создаде траен модел на соработка, солидарност и заедничка грижа за животната средина, кој ќе може да се применува и во други локални заедници.
Назад кон блог преглед