Избрани проекти

Во продолжение може да се погледнат проектите што ја добија поддршката за реализација од dm дрогерие маркт.

Вардарски острови - нов дом за малата чигра

Проектот „Вардарски Острови – Нов Дом за Малата Чигра“ има за цел реставрација на речни острови во долниот тек на реката Вардар, единственото гнездечко подрачје на малата чигра (Sternula albifrons) во Македонија. Преку контролирано отстранување на инвазивната вегетација, расчистување на отпадот и примена на природно-базирани решенија, ќе се подобрат условите за гнездење на овој загрозен вид. Проектот вклучува ангажман на најмалку 15 вработени од МЕД, 10 надворешни соработници и околу 80 волонтери, со директна придобивка за над 40.000 жители во регионот. Активностите ќе бидат проследени со мониторинг на популацијата, како и со кампања за подигнување на јавната свест преку социјални мрежи, теренски активности и едукативни програми.
Еко Акција - „Преку заедништво до почиста природа“

Овој проект ќе има значајно влијание врз животната средина, заедницата и општествената свест. Преку директна акција, ќе се отстранат значителни количини на отпад од одбрана локација во природа, придонесувајќи кон поодржлива и почиста средина. Со вклучување на млади луѓе, проектот ќе поттикне еко-активизам, создавајќи нови врски и заедница на мотивирани граѓани. Преку социјалните мрежи, инспиративните видеа и ангажманот на учесниците, ќе се прошири еколошката свест, мотивирајќи повеќе луѓе да преземат одговорност за природата. Дополнително, акцијата ќе влијае врз промената на менталитетот за управување со отпадот, промовирајќи совесно однесување и еколошки одговорен начин на живот.
Охрид ЕКО 2025

ЕКО Охрид претставува меѓународен проект на Нуркачкиот центар АМФОРА кој е еден од најуспешните и највлијателните проекти кој игра клучна улога во заштита на биодиверзитетот на Охридското Езеро. Проектот се фокусира и има директен ангажман на детектирање и отстранување на овој цврст отпад пропратен со кампања за подигање на свеста кај пошироката јавност преку презентација на резултатите, влијание на социјалните мрежи, анимирање на терен со промотивни материјали преку фотографии и видео материјали. Како едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, се соочува со континуирано сериозни еколошки предизвици, со најголем акцент на загадување од цврст отпад.
Top