Вертикализатори за деца со телесна попреченост - Уште една донација на dm дрогерие маркт насочена кон ОПУ со ресурсен центар Иднина од Скопје.


Скопје, 1.9.2022 – Првото училишно ѕвонче го означи почетокот на учебната година, а во основното посебно училиште „Иднина“ најави и новата донација од нивните партнери, dm дрогерие маркт.
Токму на првиот училиштен ден, нашите колеги ги посетија децата од основното посебно училиште „Иднина“ и ја збогатија опремата на ова училиште со два нови вертикализатори за деца со телесна попреченост.
Вертикализаторите имаат за цел да ги олеснат потребите на децата со телесна попреченост, овозможувајќи им дел од времето да го поминат во исправена положба.


Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства.

dm дрогерие маркт е долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште. Имено, ова е втора донација од овој вид од dm дрогерие маркт за ова училиште. Првата донација беше реализирана реализираше со набавка на дидактички образовни помагала за инклузивно образование, со што им беше обезбедена поддршка во развојот на учениците.

Нов електромоторен транспортер за инвалидски колички за ОУРЦ ,,Д-р Златaн Сремец‘‘ од Скопје – Нова донација за училиштето од dm дрогерие маркт!

Со цел олеснување на работата на наставниците и подобрување на условите за децата кои се дел од воспитниот образовен систем во Посебното основно училиште ,,Д-р Златaн Сремец” од Скопје, дониравме електромоторен транспортер за инвалидски колички по рамни скалила.
Благодарение на овој електромоторен транспортер, училниците и сите останати простории од вториот кат на ова училиште ќе станат достапни за децата, кои досега поради техничките препреки немале можност да ги посетуваат.

Ние сме долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште. Имено, ова пријателство започна кон крајот на учебната 2018/19 кога ја реализиравме првата донација кон ова училиште со изградба на нова пристапна рампа на влезот на училиштето, со што им е беше обезбедена голема поддршка на учениците со телесен инвалидитет.
dm дрогерие маркт како компанија, паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме.

Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства.

По повод Светскиот ден на кучето: 400 килограми храна донирани од dm дрогерие маркт за две скопски прифатилишта за животни скитници.

По повод Светскиот ден на кучето, на 26.8.2022 ги посетивме Здружението за заштита на животните „Happy Shelter‘‘ и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘. При оваа посета, дониравме 400 килограми храна за кучиња, како помош за овие институции.

Безусловната љубов и верност се доблести кои се резервирани само за најдобрите пријатели, а токму истите безрезервно ги добиваме од нашите крзнени пријателчиња секој ден. Со овој мал гест сакавме да им го разубавиме денот и да им ги наполниме стомачињата на овие прекрасни животни, а на самите институции за момент да им помогнеме во нивната благородна дејност.


dm дрогерие маркт е позната како општествено-одговорна компанија, која во своето десетгодишно успешно работење на нашиот пазар има реализирано низа општествено одговорни активности кои придонесуваат кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани. Со оваа донација, dm го прошири спектарот на своите хуманитарни активности, вклучувајќи и загрозени животни во своето портфолио на реализирани донации.

ДОНИРАВМЕ 300.000 ДЕНАРИ НА НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ СЕМЕЈНО И НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ „ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО“!

Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти во годината на познатиот „Black Friday“, вие се подготвувавте за неверојатен филантропски шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите dm дрогерии.
Овој глобално популарен ден во dm го нарекуваме Giving Friday, а оваа иницијатива ја спроведовме на ниво на целиот dm-концерн под слоганот „Giving is the new black“. Оваа иницијатива за прв пат ја започнавме во 2019 година со донација во Клиничкиот Центар во Штип, а минатата година помогнавме со донација на 750 пакети со храна за нашите социјално-загрозени сограѓани. Трета година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Black Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.
Во 2021 година, со помош на нашите купувачи успеавме да собереме 300.000 денари, кои ги дониравме во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.
Во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.

дм дрогерие маркт донираше образовни помагала во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје.

Скопје, 16.5.2022 –Со цел да ги направиме деновите поминати на училиште поинтересни, но и да ја олесниме работата на наставниците, а согласно потребите на учениците и посетителите, дониравме дванаесет образовни помагала за инклузивно образование во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“.

dm е компанија која е заснована на принципите на општествената одговорност. Паралелно со успешните резултати, кои ги оствруваме од година во година, постојано вложуваме во заедницата во која делуваме. Оваа донација не претставува гест на благодарност или обврска, туку одговорност, да придонесеме кон подобрување во нашата заедница.

dm дрогерие маркт оваа година бележи 10 години успешно работење на нашиот пазар. Во измнатите години реализиравме низа општествено одговорни активности со цел да придонесеме кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесеме кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани.
Top