Често поставувани прашања

Каде можам да најдам интересни информации за донациите на dm?

Интересни и корисни информации за донации и општествено одговорни акции, критериуми и контакт маил за достава на барање за донации може да се најдат на интернет-платформата: www.dm-zaedno.mk.

Кој може да поднесе барање за донација?

Ги прифаќаме барањата за донации на:

- регистрирани невладини здруженија

- институции: центри, училишта, домови, друштва, болници, прифатилишта

- општествено корисни проекти

Кој тип на донација може да биде побаран?

dm ги реализира донациите во вид на:

• dm производи - козметички и хигиенски производи

• опремување со неопходна опрема за подобрување на условите за работа на институциите и здруженијата

• набавка на медицинска опрема

На www.dm-zaedno.mk ќе ги објавуваме сите актуелни информации, термини, фотографии и извештаи за сите активности или настани во фазата на реализација.

Кога може да очекувам одговор на моето барање за донација?

Откако ќе го испратите барањето на нашиот маил zaedno@dm.mk , ќе добиете одговор во рок од 30 дена. Вашето барање ќе биде разгледано во согласност со критериумите за реализација на истото и повратно ќе Ве контактираме во случај да сте избрани за реализација.

Се разгледуваат единствено донациите кои ги исполнуваат критериумите за донација.

Кои донации ги разгледува dm во рамките на општествено одговорно делување ?

dm ги разгледува донациите од општествено, социјално или здравствено значење, како на пример: здравствена заштита, поттикнување позитивни промени во општеството, поддршка на жртви на семејно насилство, обезбедување подобар секојдневен живот за старите и болните лица, деца, млади или лица со посебни потреби, како и поддршка на проекти насочени кон грижа и помагање на напуштени животни.

Според кои критериуми се одобрува донацијата?

Одлуките за избор и реализација на донации се носат во согласност со корпоративната стратегија и планираните средства.

Тимот (Едни за други - заедно) ќе ги разгледа само апликациите што ги исполнуваат следниве критериуми:

· Поднесено барање за донација на нашата маил адреса zaedno@dm.mk

· Барањата можат да бидат поднесени исклучиво од регистрирани невладини здруженија и институции: центри, училишта, домови, друштва, болници, прифатилишта

· Избалансиран однос на финансиската вредност и проценката за подобрување на ситуацијата на ранливите социјални групи, посебно на оние кои не добиват други видови на поддршка

· Влијанието на донацијата врз подигнување на свеста на јавноста за потребата од општествено ангажирање

· Донацијата може да се користи ИСКЛУЧИВО за договорената цел.

Врз основа на споменатите критериуми ќе се изберат донации кои ќе обезбедат вид на поддршка што е во согласност со потребите.
Top