На 30.9.2022 ја отворивме нашата уште поубава, реновирана дрогерија во трговскиот центар East Gate Mall во Скопје, со што покажавме дека секогаш се трудиме на своите купувачи да им обезбеди најпријатни услови за пазарување.

Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во EAST GATE MALL дониравме 120.000 денари од својот промет во хуманитарни цели на Кризниот центар за семејно насилство „Надеж“ од Скопје.

Во четврток, 16 јуни, во 8 часот, ги отворивме вратите на нашата 22. дрогерија во Струга!

Друштвената одговорност на dm како компанија и овој пат не беше изоставена. Дел од прометот остварен на денот на отворањето, односно 145.000 денари беше дониран во хуманитарни цели на ООУ. Јосип Броз Тито.


Четврток, 10 јуни 2021 - по повод големото отворање на нашата дрогерија во Гостивар, како општествено-одговорна компанија, која инвестира во заедницата во која е активна, реализиравме донација од 120.000 денари насочена кон ЈЗУ Здравствениот дом во Гостивар - Брза помош!

Во четврток, на 11 ноември 2021, се отворија вратите на нашата нова дрогерија во ТЦ EAST GATE MALL во Скопје.
По тој повод, како и на секое отворање, реализиравме донација од 120.000 денари насочена кон Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје.


Големото отворање на новата dm дрогерија во Охрид на 8 јули 2021 помина со уште една општествено-одговорна донација од наша страна, во вредност од 120.000 денари насочена кон ООУ „Климент Охридски“ од Охрид.

Top