Критериуми за избор на донација:
Тимот одговорен за платформата (Едни за други - заедно) ќе ги разгледа само апликациите што ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Поднесено барање за донација на нашата маил адреса zaedno@dm.mk;
2. Барањата можат да бидат поднесени исклучиво од регистрирани невладини здруженија и институции: центри, училишта, домови, друштва, болници, прифатилишта;
3. Избалансиран однос на финансиската вредност и проценката за подобрување на ситуацијата на ранливите социјални групи, посебно на оние кои не добиват други видови на поддршка;
4. Влијанието на донацијата врз подигнување на свеста на јавноста за потребата од општествено ангажирање;
5. Донацијата може да се користи ИСКЛУЧИВО за договорената цел.
Врз основа на споменатите критериуми ќе се изберат донации кои ќе обезбедат вид на поддршка што е во согласност со потребите.