Реализирани донации

125.500 денари донирани во хуманитарни цели во ЈЗУ Здравствен дом ,,д-р Панче Караѓозов‘‘- Штип.


По повод отворањето на новата дрогерија на dm во Штип, во Штип City Mall на 26.1.2023, како општествено одговорна компанија dm донираше 125.500 денари во хуманитарни цели на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов“ од Штип.
Со ова dm уште еднаш ја потврди својата позиција како општествено одговорна компанија во средината која делува. Изминатата деловна година, компанијата реализираше рекорна сума на донации во вредност од 5,3 милиони денари.

Наместо попусти, пример за хуманост: По повод Black Friday, dm донираше 474.000 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија од Скопје!

И оваа година, dm повторно докажа дека е возможно со шопинг да се направи добро дело! Овој Black Friday, односно како што го нарекуваат од компанијата години наназад, Giving Friday, а под мотото Giving is the new black, dm дрогерие маркт го одбележа со донација на 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии остварен на 25 ноември, Преку оваа кампања ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија доби нов транспортен ехо апарат, со кој ќе се подобрат условите за работа на клиниката.
Самиот износ на донацијата говори за големиот одзив на купувачите и нивната несебична желба да се вклучат во филантропската иницијатива, за што од компанијата велат дека се неизмерно благодарни.
Да се потсетиме, последниот петок во ноември, кој ширум светот е познат како Black Friday – ден на големи попусти и гужви низ продавниците, во dm традиционално веќе четврта година по ред е ден за дарување! На овој ден, се донираат 5% од дневниот промет за поддршка онаму каде што е најпотребно.

dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

dm дрогерие маркт по повод 19 ноември – Светскиот ден на машкото здравје, а во рамките на светски познатата кампања „Movember“ донираше два цитоскоп апарата во вредност од повеќе од 360.000 денари на одделот за урологија, при Градската општа болница – 8. Септември во Скопје. Со оваа донација, како и со целата кампања Movember, компанијата има за цел да ја поткрене свеста за редовните прегледи, како неопходен дел од борбата за подобрување и зачувување на машкото здравје. Ноември, или популарниот „Movember“ е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец. Само со заедничка посветеност и заеднички сили може да се развие свеста за значењето на редовните прегледи, а со оваа донација на dm и да се подобри квалитетот на здравствените прегледи.

dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките низ земјата


Скопје, 08.11.2022. – Компанијата dm донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат“ - Гостивар, ЈЗУ Општа болница - Охрид, ЈЗУ Клиничка болница - Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а кои коишто ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.

Вертикализатори за деца со телесна попреченост - Уште една донација на dm дрогерие маркт насочена кон ОПУ со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје.


Скопје, 1.9.2022 – Првото училишно ѕвонче го означи почетокот на учебната година, а во основното посебно училиште „Иднина“ најави и новата донација од нивните партнери, dm дрогерие маркт. Токму на првиот училиштен ден, нашите колеги ги посетија децата од основното посебно училиште „Иднина“ и ја збогатија опремата на ова училиште со два нови вертикализатори за деца со телесна попреченост. Вертикализаторите имаат за цел да ги олеснат потребите на децата со телесна попреченост, овозможувајќи им дел од времето да го поминат во исправена положба. Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства. dm дрогерие маркт е долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште.


Oбразовни помагала за основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје.


Скопје, 16.5.2022 –Со цел да ги направиме деновите поминати на училиште поинтересни, но и да ја олесниме работата на наставниците, а согласно потребите на учениците и посетителите, дониравме дванаесет образовни помагала за инклузивно образование во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“. dm е компанија која е заснована на принципите на општествената одговорност. Паралелно со успешните резултати, кои ги оствруваме од година во година, постојано вложуваме во заедницата во која делуваме. Оваа донација не претставува гест на благодарност или обврска, туку одговорност, да придонесеме кон подобрување во нашата заедница. dm дрогерие маркт оваа година бележи 10 години успешно работење на нашиот пазар.

Нов електромоторен транспортер за инвалидски колички за ОУРЦ ,,Д-р Златaн Сремец‘‘ од Скопје!


Нова донација за училиштето од dm дрогерие маркт! Со цел олеснување на работата на наставниците и подобрување на условите за децата кои се дел од воспитниот образовен систем во Посебното основно училиште ,,Д-р Златaн Сремец” од Скопје, дониравме електромоторен транспортер за инвалидски колички по рамни скалила. Благодарение на овој електромоторен транспортер, училниците и сите останати простории од вториот кат на ова училиште ќе станат достапни за децата, кои досега поради техничките препреки немале можност да ги посетуваат. Ние сме долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште. Имено, ова пријателство започна кон крајот на учебната 2018/19 кога ја реализиравме првата донација кон ова училиште со изградба на нова пристапна рампа на влезот на училиштето, со што им е беше обезбедена голема поддршка на учениците со телесен инвалидитет.

400 килограми храна донирани од dm дрогерие маркт за две скопски прифатилишта за животни скитници.


По повод Светскиот ден на кучето, на 26.8.2022 ги посетивме Здружението за заштита на животните „Happy Shelter‘‘ и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘. При оваа посета, дониравме 400 килограми храна за кучиња, како помош за овие институции. Безусловната љубов и верност се доблести кои се резервирани само за најдобрите пријатели, а токму истите безрезервно ги добиваме од нашите крзнени пријателчиња секој ден. Со овој мал гест сакавме да им го разубавиме денот и да им ги наполниме стомачињата на овие прекрасни животни, а на самите институции за момент да им помогнеме во нивната благородна дејност. dm дрогерие маркт е позната како општествено-одговорна компанија, која во своето десетгодишно успешно работење на нашиот пазар има реализирано низа општествено одговорни активности кои придонесуваат кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани. Со оваа донација, dm го прошири спектарот на своите хуманитарни активности, вклучувајќи и загрозени животни во своето портфолио на реализирани донации.
Top