Правила и услови на конкурсот {ЗАЕДНО} до зелени идеи во организација на дм дрогерие маркт дооел Скопје
Датум на распишување на конкурсот: 10.02.2025.
Рок за пријавување: 21.3.2025. во 23.59 часот
Последен термин за избор на проекти е: 21.4.2025.
Избраните проекти ќе бидат објавени на: 22.4.2025
Целта на конкурсот е да се одберат и поддржат проекти кои придонесуваат кон зачувување на природата (истражување и заштита на биолошката разновидност) и/или заштита на животната средина (намалување на загадувањето, справување со климатските промени и кревање на јавна свест), или пак промоција на одржлив развој.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВА:
Право на учество во конкурсот имаат проектите од:
a) регистрирани невладини организации кои се наоѓаат во Централниот регистар на организации;
б) установи: центри, училишта, домови, друштва, болници, засолништа;
в) единици на локалната и подрачната самоуправа (градови, општини);
г) непрофитни правни лица
- На конкурсот не е дозволено пријавување, предлагање ниту учество на проекти на физички лица или трговски друштва.
- Предвид нема да се земаат оние пријави кои подразбираат исклучиво финансирање на хонорари на лица вклучени во реализацијата на проектот или предавања во рамките на проектот.
- Физички лица можат да предлагаат проекти на организации, установи, единици на локалната и подрачната самоуправа и непрофитни правни лица.
a) Физичкото лице како предлагач е должно да го наведе своето полно име и презиме и е-маил адреса, како и името и презимето, односно називот на носителот на проектот и иницијативата што ја предлага.
б) Доколку проектот биде избран преку конкурсот, договорот се склучува со Носителот на предложениот проект, односно со организацијата или установата која се пријавува на конкурсот.
- Категории на пријави:
a) Заштита на животната средина и одржливост - категоријата опфаќа проекти кои директно придонесуваат за:
- зачувување и заштита на животната средина на непосредната локална заедница преку конкретни активности за спречување на загадување на вода, почва итн., како поставување на опрема за мерење или заштита од загадување или пак директно отстранување на загадувањето;
- истражување и заштита на био-диверзитетот (биолошки мониторинг на видови и живеалишта, реставрација на природни живеалишта, итн.);
- справување со ефектите од климатските промени (на пр. работа со локални заедници за промоција на земјоделство и сточарство адаптирано на променливи климатски услови)
б) Образование - категоријата опфаќа едукација и информирање на сограѓаните на сите возрасти за важноста на заштита на животната средина и одржливиот развој,
Предвид ќе бидат земени проекти кои ќе понудат решенија за заштита на животната средина, намалување на штетните влијание врз животната средина, како и примена на принципите на кружна економија во секојдневниот живот.
НАЧИН И СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА:
- Пријавата на конкурсот се врши преку онлајн-формулар кој е достапен и се пополнува на интернет страницата www.dm-zaedno.mk.
- Онлајн пријавата мора да вклучува:
a) детално разработен проект со временски одредници;
б) главни активности кои ќе се спроведуваат и период на спроведување;
в) цели и активности за кои се потребни финансиски средства или некој друг вид поддршка (волонтерска поддршка, поддршка во вид на донација на производи);
г) број на луѓе во проектниот тим кои би учествувале во спроведувањето на проектот во случај да биде одбран во рамките на конкурсот;
д) детално објаснување на кој начин реализацијата на проектот ќе придонесе за одржливост, заштита на животната средина или зачувување на природата, односно како ќе ја подигне свеста за важноста на истите;
ѓ) еден или повеќе мерливи ефекти на проектот, на пример: очекувани долгорочни резултати од реализацијата на проектот, број на лица кои ќе бидат опфатени, проценка на намалување на јаглеродниот отпечаток, површина на подрачјето кое планира да се чисти или површина на подрачјето кое ќе се уредува, проценка на бројот на луѓе кои ќе користат уредената површина и слично;
е) ако за пријавениот проект организацијата/установата/единицата на локалната и подрачната самоуправа/македонскиот производител/непрофитно правно лице добива средства од други извори, задолжително мора да наведе извори и примени износи;
- При завршување на пополнувањето на онлајн формуларот задолжително е да се приложат:
a) детална разработка на проектот со временски одредници, очекувани резултати и индикатори во Word документ. Резултатите и индикаторите ќе бидат користени за евалуација на успешноста на проектот и мора да бидат лесно мерливи (на пр. површина на реставиран хабитат, број на реки кои биле опремени со опрема за мерење на загадување, број на ученици кои ги посетиле организираните настани, итн.);
б) разработен буџет во Excel табела;
в) во случај ако пријавувачот е организација, потребно е да се достави Тековна состојба од Централен регистер;
г) доколку е неопходно за реализација на проектот, дозволи потребни за спроведување на пријавениот проект од страна на надлежните органи;
Без наведените информации и документација, примена пријава нема да се смета за комплетна.
Облик на поддршка на проектот
- Компанијата дм дрогерие маркт дооел. поддршка на избраните проекти ќе обезбеди преку:
a) финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проектот
б) директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот
За поддршка на начин опишан под ставката 8. a потребно е да се достави про-фактура и/или сметка на компанијата изведувач на услугата или добавувачот на опрема со податоците на компанијата дм дрогерие маркт доoел, за што носителите на избраните проекти ќе бидат навремено информирани.
д) Бројот на проектите кои ќе бидат избрани за реализација не е однапред дефиниран.
Ѓ) Минималната и максималната вредност на износот на поддршка за поединечни проекти не е однапред дефинирана и ќе зависи од намената на проектот и други фактори наведени во следниот оддел.
Избирање на проекти:
- Примени пријави ќе ги оценува комисија составена од претставници на дм дрогерие маркт дооел според долу наведени критериуми. Комисијата ќе разгледува само комплетни и навремени пристигнати пријави.
- Критериуми за избор на проекти:
a) правилно пополнета пријава и доставување на целокупната барана документација
б) проценка на степенот на корисност/влијание на проектот во согласност со дефинираните категории на конкурсот
в) долгорочна одржливост на проектот – дали истото може да се спроведува повеќе пати и подолго време
г) квалитет и оригиналност на проектот
д) финансиска структура на спроведување на проектот и ефикасност на планираното користење на средствата
ѓ) достапност на човечки ресурси потребни за ефективно и квалитетно спроведување на проектот.
- На основа на дефинираните критериуми, комисијата ќе избере проекти за кои дм дрогерие маркт дооел ќе ја обезбеди онаа форма на поддршка која е потребна за нивната реализација.
- Пријавувачите/Предлагачите на избраните проекти ќе бидат известени најдоцна до 22.4.2025. за понатамошната реализација на конкурсот.
ПРАВА И ОБВРСКИ:
- Организаторот на конкурсот ќе им упати на носителите на избраните проекти предлози за договори за донација, спонзорство или соработка.
- Носителот на проектот е одговорен за спроведување и е должен средствата да ги искористи исклучиво за целите на проектот кој е одбран на конкурсот.
18. Со пријавувањето на конкурсот, Носителот/Предлагачот на проектот прифаќа дека основните податоци изнесени во пријавата ќе се користат во комуникациски цели од страна на Организаторот на конкурсот во печатен, звучен, сликовен и/или видео материјал, односно во било кој онлајн или офлајн облик и медиум на комуникација.
- Со пријавувањето на конкурсот, Носителот/Предлагачот на проектот гарантира точност и вистинитост на сите податоци наведени во пријавата.
- Носителот/Предлагачот на проектот може во секое време преку е-маил zaedno@dm.mk да ја повлече пријавата/предлогот.
- Со повлекувањето на пријавата или предлогот се губи правото на понатамошно учество во конкурсот.
- Организаторот на конкурсот го задржува правото да ги информира медиумите со цел промоција на конкурсот {ЗАЕДНО} за зелени идеи, што вклучува и сите пријавени, предложени и избрани проекти.
- Организаторот на конкурсот го задржува правото во секое време без наведување на причина да ги промени условите за пријава на проектите и да го прекине конкурсот {ЗАЕДНО} за зелени идеи, особено ако тоа биде неопходно поради виша сила или надворешни околности на кои Организаторот на конкурсот не може да влијае или ако само на тој начин ќе биде можно да се гарантира редовна реализација на конкурсот.
- Носителите на проектите како корисници на средствата се должни во рок од 7 дена од денот на приемот на известувањето за одлуката за избор на проект да достават целокупната потребна документација за изработка на договор за донација, спонзорство или соработка, како и деталниот план за реализација на проектот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Сите прашања поврзани со пријавата и критериумите за избор можат да се упатат преку е-маил: zaedno@dm.mk