Дониравме 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Скопје, 14.9. 2021. – 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари беа донирани во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Со оваа донација имаме за цел да придонесеме во борбата против корона вирусот, но и да ја подобриме опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.
Ние, како општествено одговорна компанија активно го поддржуваме здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници низ Македонија, меѓу кои: производи за дезинфекција и лична хигиена за Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки (ЗМСТАМ), респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Општа болница во Кавадарци и Клиничката болница во Битола, кислородни концентратори за Општата болница во Велес, како и клима уред и тролеи за пренос на инструменти и апаратура во Институтот за белодробни заболувања и туберколоза во Скопје.

Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја.

Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Го продолжуваме нашето хуманитарно делување.
Дониравме 750 пакети со храна за социјално загрозени сограѓани.

Под слоганот „Купувајте во dm и направете добро дело“ на 27 ноември 2020 година по втор пат последователно ја организиравме кампањата „Giving Friday“ – хуманитарна акција во која одвоивме 5% од нашиот дневен промет, а со поддршка на нашите купувачи успеавме да собереме 233.700 мкд за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани.
Тоа што го ветивме, денес и го остваривме! Денес започна поделбата на оваа донација: 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“ , „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“ , ќе завршат во рацете на нашите социјално загрозени сограѓани.
Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, а нашите подароци оваа година решивме да ги однесеме онаму, каде што е најпотребно. Посебно нѐ радува фактот што во овие претпразнични денови успеавме, со ваков скромен гест, барем за момент да ја вратиме насмевката на лицата на нашите сограѓани.
Сакаме да ја изразиме нашата голема благодарност до сите наши купувачи, кои ја препознаа оваа иницијатива и несебично го дадоа својот придонес кон неа. Нашата општествена одговорност како еден од главните принципи на нашето работење ќе продолжиме и во иднина да ја докажуваме на дело, придонесувајќи на тој начин до подобра иднина за сите нас.

Солидарноста како моќно оружје во борбата со пандемијата - Компанијата dm дрогерие маркт донираше концентратори за кислород

Скопје, 22. 3. 2021. – Со цел да придонесе во борбата против Covid-19 дониравме два концентратори за кислород со капацитет од 10 л. Кислородните концентратори се донирани и ставени на располагање во ЈЗУ Општа болница Велес.

Социјалниот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, а во моменти кога како општество сме соочени со можеби најголемиот предизвик на денешницата - глобалната пандемија, навистина е неопходна сечија солидарност, со цел да излеземе како победници од оваа битка.

Од почетокот на пандемијата како компанија активно придонесуваме во борбата против корона вирусот, за што говорат бројните активности кои ги спроведовме изминатата година. Имено, од самиот почеток на пандемијата компанијата dm дрогерие маркт донираше производи за дезинфекција и лична хигиена во вредност од 2.000 евра во Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ). Неодамна, компанијата донираше и два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Министерството за Здравство на Република С. Македонија, кое, согласно потребите на здравствените институции во земјата, донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница - Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Компанијата дм дрогерие маркт донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

Скопје, 24. 11. 2020. – dm донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.
Респираторите се донирани во Министерството за Здравство на С. Македонија, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
На ниво на целата dm група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Primus, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.

„dm е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на друштвена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество, сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Primus од германскиот производител Dräger кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме” изјавија од Управа на dm вo С. Македонија и Србија.

Компанијата dm дрогерие маркт неодамна одбележи 7 години успешно работење на нашиот пазар со остварен промет од речиси 1.1 милијарда МКД, што претставува раст од 16,5 отсто, додека на ниво на dm групата во Европа остварен е промет од 11,5 милијарди евра. Покрај успешните финансиски резултати, компанијата реализираше низа општествено одговорни активности со цел да придонесе кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории во општеството.
Top