{Заедно} за подобро утре 2024

  • Датум на објава на конкурс: 10 јуни 2024 година.
  • Краен рок за аплицирање: 4 август 2024 година до 23:59 часот

Повик за пријава
Сакате да помогнете во подобрување и зачувување на менструалното или репродуктивното здравје на жените? На вистинско место сте!

дм дрогерие маркт дооел Скопје, организатор на конкурсот {ЗАЕДНО} за подобро утре, ги повикува сите здруженија, установи, институции, единици на локална самоуправа и непрофитни организации преку платформата {ЗАЕДНО} да пријават свои проекти, кои за цел имаат унапредување и зачувување на менструалното здравје на жените. Сите проекти кои ќе бидат одбрани од комисијата од организаторот ќе добијат поддршка во реализацијата на основа на правилата и условите за пријава на конкурсот, кој за цел има подобрување и зачувување на менструалното здравје на жените.

Категориите за кои може да се поднесе апликација се следните:

а) Подигнување на нивото на знаење за менструалното здравје
б) Промена на перцепцијата за менструацијата во јавноста
в) Придонес за намалување на менструалната сиромаштија
г) Подигнување на свеста и нивото на знаење за репродуктивното здравје на жените


Поддршката од страна на организаторот може да биде:

а) со финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за спроведување на проектот;
б) со директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот;
в) со донирање производи од асортиманот на dm
г) комбинација од претходните три ставки

Пред да аплицирате преку пополнување на формуларот за пријава, задолжително прочитајте ги правилата и условите за учество.
Top