За кого е конкурсот и кој може да пријави проект?
На конкурсот може да се пријават сите државни и општински градинки, основни и средни училишта кои имаат недостаток на зелени површини во нивните дворови. Физички лица, компании и приватни градинки и училишта не е дозволено да учествуваат во овој конкурс.
Каков вид на проект можам да пријавам?
Проектот треба да има за цел раззеленување и хортикултурно уредување на училишни дворови во Р. С. Македонија, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.
Како да аплицирам?
Пријавувањето мора да се направи преку формуларот за апликација достапен на онлајн платформата www.dm-zaedno.mk. Не е можно да се регистрира проектот на друг начин.
Колку време е отворен конкурсот?
Конкурсот ќе биде константно отворен во период од 16.9.2025 до 31.8.2026 година и пријава на проект може да поднесете во кое било време. Но, реализација на проектите ќе се врши само во месеците кои се наменети за садење: септември, октомври, новемри, март, април и мај.
Што е потребно за аплицирање за проект?
Апликациите се прифаќаат исклучиво онлајн, преку формуларот достапен на платформата www.dm-zaedno.mk.
Заедно со пополнетиот формулар, мора да се приложат актуелни слики од дворот на училиштето или градинката и тековна состојба од УЈП. Сѐ од горенаведено може да се приложи на во онлајн формуларот за апликација како прилог. Без овие ставки, примената апликација нема да се смета за комплетна.
Дали можам да пријавам повеќе од еден проект?
Секој од наведените субјекти може да пријави само еден проект за реализација, што ќе биде спроведен исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
Дали е задолжително во дворот да нема никакво зеленило, за да го пријавам проектот за пошумување?
На конкурсот може да пријават проект горенаведените субјекти кои имаат и недоволен број на дрвја или растенија во својот двор. Но, при изборот на проекти, предност ќе имаат оние објекти кои имаат најнизок степен на уреденост на дворот и најмала застапеност на дрвја. Пријави на училишта и градинки кои имаат целосно или високо уредени дворови нема да бидат земени предвид при изборот на проекти кои ќе се реализираат.
Колкав е максималниот износ за поддршка на еден проект?
Максималната вредност на донација на стебла по училиште е 120.000,00 денари.
Кога и каде ќе бидат објавувани избраните проекти?
Избраните проекти за поддршка ќе бидат објавувани на почетокот на секој месец кој е предвиден за садење, на платформата www.dm-zaeedno.mk, dm онлајн каналите за комуникација и преку медиумите.
Како ќе се избираат проектите - што ќе гледа стручниот тим?
Пристигнатите пријави ќе ги оценува стручен тим составен од претставници на дм дрогерие маркт дооел Скопје и претставник од Македонско еколошко друштво (МЕД), според критериумите наведени подолу:
уредно пополнет формулар за апликација и прикачување на целата барана документација;
степен на уреденост на училишниот двор (приоритет ќе имаат училишни дворови со најнизок степен на уреденост на дворот и најмала застапеност на дрвја)
проценка на степенот на корисност и долгорочна одржливост
достапност на човечки ресурси и потенцијал неопходен за ефикасно и квалитетно спроведување на проектот.;
При изборот на проекти предност имаат државни и општински средни и основни училишта и градинки кои немаат или имаат недоволен број на дрвја или растенија во својот двор. Пријави на училишта кои имаат целосно или високо уредени дворови нема да бидат земени предвид при изборот на проекти кои ќе се реализираат.
Врз основа на дефинираните критериуми, тимот ќе избере проекти за кои дм дрогерие маркт дооел Скопје ќе обезбеди поддршка која е потребна за нивна реализација.
Како dm ќе ги поддржи проектите?
Од компанијата дм дрогерие маркт дооел Скопје поддршката за избраните проекти ќе биде обезбедена, на следниот начин:
изработка на нацрт на проектот во соработка со Јавни комунални претпријатија во склоп на општините
набавка на потребните стебла за раззеленување на дворовите на училиштата во максимална вредност од 120.000 денари.
организација на процесот на засадување на предвидените стебла
Колку проекти ќе бидат избрани за реализација?
Бројот на проекти кои ќе бидат избрани за реализација е дефиниран на максимално 2 училишни дворови во еден месец. Месеци предвидени за реализација на проектите: септември, октомври, ноември, март, април и мај.
Со кого може клиентот да контактира за дополнителни прашања и како?
Сите прашања поврзани со пријавувањето и критериумите за избор може да се испратат преку e-mail адресата: zaedno@dm.mk.