За поддршка и реализација на проекти за урбано пошумување на училишни дворови на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта.
Важни информации:
На конкурсот можат да се пријават исклучиво државни и општински училишта (основни и средни) и градинки
Конкурсот е отворен константно во период од 16.9.2025 до 30.8.2026 и на истиот може да се поднесе апликацијата во неодредено време.
Изборот на проекти кои ќе се реализираат се прави исклучиво во месеците кои се предвидени за засадување на нови стебла: септември, октомври, ноември, март, април и мај
Во секој од месеците предвидени за засадување е возможно реализирање на максимално 2 проекта
Максимален надоместок за раззеленување на дворовите по објект е ограничен на износ од 120.000,00 денари.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И УЧЕСТВО:
Право на учество на конкурсот имаат следните проекти:
Секој од наведените субјекти може да пријави само еден проект за реализација, што ќе биде спроведен исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето на конкурсот се врши преку онлајн формулар достапен на веб-страницата www.dm-zaedno.mk. При пријавувањето на проектот треба да бидат пополнети сите задолжителни полиња во формуларот.
При пријавувањето, училиштата/градинките треба да достават актуелна слика од школскиот двор.
ОГРАНИЧУВАЊА:
Не е дозволено учество на приватни градинки и училишта
Не е дозволено регистрирање, предлагање или учество во проекти на физички лица или компании
Училиштата и градинките можат да пријават само еден проект
При изборот на проекти предност имаат државни и општински средни и основни училишта и градинки кои немаат или имаат недоволен број на дрвја или растенија во својот двор. Пријави на училишта кои имаат целосно или високо уредени дворови нема да бидат земени предвид при изборот на проекти кои ќе се реализираат.
МАКСИМАЛНА ВРЕДНОСТ НА ДОНАЦИЈАТА:
Максималната вредност на донација на стебла по училиште е 120.000,00 денари.
ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА ТРЕБА ДА СОДРЖИ::
тековна состојба од УЈП;
основни податоци за училиштето или градинката (основање, број на паралелки, број на ученици, останато)
Слики од училишниот двор (градинка, основно или средно училиште);
бројот на учесници (ученици и деца од градинка, како и персонал на училиштата/градинките) кои би можеле да се вклучат во реализација на проeктот со доброволно учество во засадувањето на дрвјата;
еден или повеќе мерливи ефекти од проектот, на пример: бројот на потенцијални корисници на проектот, очекуваните долгорочни резултати од спроведувањето на проектот
доколку институцијата прима средства од други извори за пријавениот проект, задолжително е да се наведат изворите и добиените износи.
доколку е потребно за спроведување на проектот, треба да се достави и дозвола од надлежните органи потребни за спроведување на наведениот проект;
ИЗБОР НА ПРОЕКТИ:
Пристигнатите пријави ќе ги оценува стручен тим составен од претставници на дм дрогерие маркт дооел Скопје и претставник од Македонско еколошко друштво (МЕД), според критериумите наведени подолу. Тимот ќе ги разгледува само целосните апликации.
Критериуми за избор на проекти:
уредно пополнет формулар за апликација и прикачување на целата барана документација;
степен на уреденост на училишниот двор (приоритет ќе имаат училишни дворови со најнизок степен на уреденост на дворот и најмала застапеност на дрвја)
проценка на степенот на корисност и долгорочна одржливост
достапност на човечки ресурси и потенцијал неопходен за ефикасно и квалитетно спроведување на проектот.;
Врз основа на дефинираните критериуми, тимот ќе избере проекти за кои дм дрогерие маркт дооел Скопје ќе обезбеди поддршка која е потребна за нивна реализација.
НАЧИН НА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИТЕ:
Од компанијата дм дрогерие маркт дооел Скопје поддршката за избраните проекти ќе биде обезбедена, на следниот начин:
изработка на нацрт на проектот во соработка со Јавни комунални претпријатија во склоп на општините
набавка на потребните стебла за раззеленување на дворовите на училиштата во Максимална вредност од 120.000 денари.
организација на процесот на засадување на предвидените стебла
Бројот на проекти кои ќе бидат избрани за реализација е дефиниран на максимално 2 училишни дворови во еден месец. Месеци предвидени за реализација на проектите: септември, октомври, ноември, март, април и мај.
ПРАВА И ОБВРСКИ:
Организаторот на конкурсот по донесување на одлука за избор на проект, ќе испрати предлози за договори за донација до носителите на избраните проекти заради потпишување и склучување договори.
Со пријавување на конкурсот, апликантот - Предлагачот на проектот, прифаќа дека податоците презентирани во пријавата ќе бидат искористени за комуникациски цели од страна на Организаторот на конкурсот во печатен, звучен, слика и/или видео материјал, т.е. која било онлајн и/или офлајн форма и медиум за комуникација.
Со пријавување на конкурсот, Предлагачот на проектот гарантира за точноста и вистинитоста на сите податоци наведени во пријавата.
Предлагачот на проектот може во секое време да ја повлече пријавата преку е-mail на zaedno@dm.mk.
Со повлекување на пријавата или предлогот се губи правото за понатамошно учество на конкурсот.
Организаторот на конкурсот го задржува правото да ги информира медиумите заради промовирање на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој ги вклучува сите пријавени, предложени и избрани проекти.
Организаторот на конкурсот го задржува правото во секое време, без да даде никаква причина, да ги промени условите за аплицирање за проекти и да го прекине конкурсот ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“, особено ако тоа е неопходно поради виша сила (војна, воени дејствија, пожар, природни катастрофи, поплава, земјотрес или прекин на реализацијата на конкурсот како резултат на одлука на надлежен орган како мерка) или надворешни околности надвор од контрола на организаторот на конкурсот, или ако само така ќе може да се гарантира уредно спроведување на конкурсот.
Дополнителни информации:
Сите прашања поврзани со пријавувањето и критериумите за избор може да се испратат преку е-маил адресата: zaedno@dm.mk,
Стапување на сила:
Овие правила стапуваат на сила и имаат правно дејство од денот на нивното објавување.
Скопје, 16 септември 2025.