Правила и услови на иницијативата [ЗАЕДНО] за подобро утре во организација на Друштвото за трговија и услуги дм-дрогерие маркт увоз-извоз ДООЕЛ Скопје („
Друштво„ и/или „
Организатор на конкурс„)
Датум на распишување на конкурсот: 10.7.2023 година
Рок за пријавување: 20.8.2023
Целта на конкурсот е да се изберат и поддржат проекти што придонесуваат за промовирање, развој и унапредување на здравствено-социјалните аспекти на здравјето на жените од сите возрасни групи. Тоа ги опфаќа проектите и идеите што се насочени примарно кон поттикнување поздрав начин на живеење и превенција од настанувањето на болестите што ги погодуваат жените, иницијативи за поддршка на жените, физичко и ментално здравје, здрав начин на стареење.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- Право на учество во конкурсот имаат проекти коишто се предложени од страна на долунаведените субјекти:
- регистрирани здруженија на граѓани и фондации од јавен интерес, како и здруженија или фондации кои се стекнале со статус на организација од јавен интерес, уредени со Законот за здруженија и фондации, а во врска со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности;
- јавна установа (основни и средни училишта, детски градинки, студентски домови, болници, итн.), единици на локална самоуправа, орган на државна управа и друг субјект кој со регистрација пред надлежен орган стекнал својство на правно лице;
- Нема да се земат предвид оние пријави што подразбираат исклучиво финансирање на хонорарите на лицата што се вклучени во реализација на предложените проекти или предавања во рамките на проектот.
- Физичките лица може да предлагаат проекти на регистрирани здруженија на граѓани и фондации од јавен интерес, како и јавни установа (основни и средни училишта, детски градинки, студентски домови, болници, итн.), единици на локална самоуправа, орган на државна управа и друг субјект кој со регистрација пред надлежен орган стекнал својство на правно.
- Физичкото лице како предлагач е должно да го наведе своето цело име и презиме и адреса од електронска пошта, како и името и презимето, односно називот на Носителот на проектот (здружението или институцијаа) и иницијативата што ја предлага.
- Доколку проектот биде избран на конкурсот, договорот се склучува во Носителот на предложениот проект.
- Унапредување и одржување на физичкото и/или менталното здравје на жените – категоријата опфаќа проекти што се насочени кон одржување и унапредување на физичкото и/или менталното здравје на жените, проекти насочени кон поттикнување и развој на поздрав стил на живеење (на пример, исхрана, активен стил на живеење, рекреација и спорт за целите на превенција на болести), едукација поврзана со наведените теми и проекти кои придонесуваат за подобрување на здравствената заштита на жената и унапредување на квалитетот на работата на здравствените институции.
- Унапредување на квалитетот на животот на жените – категоријата опфаќа проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на жените во смисла на решавање на социјалните проблеми или подигнување на свеста за проблемите со кои се соочуваат жените во приватниот и деловниот живот (на пример, родова рамноправност, заштита на правата на жените, заштита на сексуалните и репродуктивните права).
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА:
- Пријавувањето на конкурсот се врши преку онлајн образец што е достапен и се пополнува на интернет страницата www.dm-zaedno.mk
- Онлајн пријавата мора да вклучува:
- детална разработка на проектите со временски насоки;
- главните активности што ќе се спроведуваат и периодот на спроведување;
- целите и активностите за кои се потребни финансиски средства или некој вид поддршка (волонтерска поддршка, поддршка во вид на донација на производи или определено спонзорство);
- бројот на луѓето вклучени во проектниот тим што би учествувале во спроведувањето на проектот во случајот ако тој биде избран во рамките на конкурсот;
- детално објаснување на кој начин реализацијата на проектот ќе придонесе за унапредување на женското здравје;
- еден или повеќе мерливи ефекти на проектот, на пример: бројот на жени што ќе бидат опфатени од едукација, бројот на жени што се потенцијални кориснички на проектот, очекувани долгорочни резултати од реализацијата на проектот;
- Ако за пријавениот проект Носителот (субјектот) што учсетвува во конкурсот добива средства од други извори за пријавениот проект, задолжително мора да ги наведе изворите и примените износи.
- При пријавувањето на проектот преку онлајн образецот неопходно/задолжително е да се приложи:
- детална разработка на проектите со временски одредници во Word документ;
- разработен буџет во Excel табела;
- тековна состојба/решение од Централен регистар со правна форма на регистрација на здружението или установата;
- дозвола за реализација на проектот, доколку е тоа потребно за предложениот проект од страна на надлежните органи.
Без приложување на наведените информации и документи пријавата нема да се смета за потполна.
ОБЛИК НА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИТЕ
9. Компанијата дм дрогерие маркт дооел поддршка за обраните проекти ќе обезбеди преку:
- донирање на производи од асортиманот на dm
- финансирање на услуги/купување на потребна опрема за реализирање на проектот
За поддршка на начинот опишан во ставот 9, потребно е да се достави профактура/фактура од фирмата која ќе ја изврши услугата или добавувачот кој ќе ја обезбеди опремата потребна за реализација на проектот.
10. Бројот на проекти кои ќе бидат избрани за реализација не е однапред дефиниран.
11. Минимална и максимална вредност на износот за поддршка на поедините проекти не е однапред дефиниран и ќе зависи од намената на проектот и други фактори наведени во следниот дел.
ИЗБОР НА ПРОЕКТИ:
- Добиените проекти се оценуваат од страна на комисија што е составена од претставници на дм дрогерие маркт дооел, согласно критериумите наведени долу. Комисијата ќе ги разгледува само целосните пријави што се примени во утврдениот рок.
- Критериуми за избор на проекти:
- уредно пополнета пријава и доставување на севкупната барана документација
- процена на степенот на корисност/влијание на проектот врз здравјето на жените во согласност со дефинираните категории во конкурсот
- долгорочна одржливост на проектот или идејата – дали истото може и понатаму да се користи повеќекратно
- квалитет и оригиналност на проектот
- финансиска структура за спроведување на проектот и ефикасност на планираното користење на средствата
- достапност на човечки ресурси потребни за ефикасно и квалитетно спроведување на проектот
- Врз основа на дефинираните критериуми, комисијата избира проекти на кои дм дрогерие маркт ќе им го обезбеди оној вид поддршка што е потребен за нивната реализација.
- Подносителите на пријави/предлагачите на избраните проекти ќе бидат известени најдоцна до 10.9.2023 за натамошното спроведување на конкурсот.
ПРАВА И ОБВРСКИ:
- Организаторот на конкурсот, за целите на потпишување и склучување договори, им доставува на носителите на избраните проекти предлог договори за донација, спонзорство или соработка.
- Носителот на проектот е одговорен за спроведувањето и е должен средствата да ги искористи исклучиво за целите на спроведувањето на проектот што бил избран на конкурсот.
- Со пријавувањето на конкурсот, Носителот/Предлагачот на проектот прифаќа дека основните податоци што се наведени во пријавата ќе се користат за комуникациски цели од страна на Организаторот на конкурсот во печатен, звучен, сликовен и/или видео материјал, односно за било кој онлајн или офлајн облик и медиумска комуникација.
- Со пријавата на конкурсот, Носителот/Предлагачот на проектот ја гарантира точноста и вистинитоста на сите податоци што се наведени во пријавата. Носителот/Предлагачот на проектот може во секое време, преку е-пошта на адресата zaedno@dm.mk да ја повлече пријавата/предлогот.
- Со повлекување на пријавата или предлогот се губи правото на натамошно учество на конкурсот.
- Организаторот на конкурсот го задржува правото на информирање на медиумите за целите на промовирање на конкурсот [ЗАЕДНО] за подобро утре што ги вклучува сите пријавени, предложени и избрани проекти.
- Организаторот на конкурсот го задржува правото, во секое време, без наведување на причините, да ги промени условите за пријавување на проекти и да го прекине конкурсот [ЗАЕДНО] за подобро утре, особено ако тоа е неопходно поради настани класифицирани како виша сила или надворешни околности врз кои Организаторот на конкурсот не може да влијае или ако само на тој начин е можно да се гарантира уредно спроведување на конкурсот.
- Носителите на проектите како корисници на средства се должни, во рок од 15 дена од приемот на известувањето за одлуката за избор на проектот од страна на Друштвото, да ја достават целата потребна документација за изготвување на договорот за донација, спонзорство или соработка, како и детален план за спроведување на проектот.
- Ако во рамките на реализацијата на проектот постои потреба за волонтерски ангажман, Носителот на избраниот проект навремено го известува Организаторот на конкурсот за потребата за организирање еднодневни волонтерски акции на вработените во дм (волонтерите ги организира дм дрогерие маркт, а Носителот на избраниот проект ќе ги обезбеди средствата за работа за конкретната волонтерска акција).
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Сите прашања во врска со пријавувањето и критериумите за избор може да се упатат преку адресата за е-пошта: zaedno@dm.mk